17 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИSeavus со уште една донација во образованието на стручни и ретки ИТ...

Seavus со уште една донација во образованието на стручни и ретки ИТ кадри

1

Студентите на предметот „Вградливи компјутерски системи“ при Факултетот за Информатички науки и Компјутерско инженерство од септември ќе работат со современи едукативни развојни системи со чија помош лесно и брзо ќе навлезат во тајните на вгнездените технологии благодарение на донацијата на најголемата ИТ компанија во Македонија, „Seavus“.

Донацијата се состои од комплет електронски плочки кои содржат модерен микроконтролер и широка палета на периферни интерфејси за поврзување со други вгнездени системи или дигитални уреди. Комплетот е систем изграден на начин кој ќе овозможи едноставна изработка на вгнездени системи за најразлична намена, вклучувајќи и едукација на студентите кои сакаат да ги изучуваат технологиите кои се користат за изработка на вгнездени системи.

2

На овие системи студентите ќе може да ги тестираат своите софтверски решенија, да ги прилагодуваат за различна намена, да изведуваат мерења на перформансите и постапно да ги изучуваат методите за комуникација преку популарните интерфејси како што се: USB, UART, SPI, I2C и слични.

„Seavus“ во изминатиот период постојано го зголемува обемот на соработка со техничките факултети во земјата, а донацијата за ФИНКИ е само една во низата планирани да се реализираат во следните академски години.

4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП