ЕКОНОМИЈА

Во Швајцарија во јуни дефлација од 0,1 проценти

shvajcarijajm8fu38yhrg32

Потрошувачките цени во Швајцарија во јуни се намалија за 0,1 проценти во однос на претходниот месец, додека на годишно ниво е забележана нулта инфлација, покажуваат податоците на Федералното биро за статистика.

До пад на цените дошло, пред се, поради почетокот на летните распродажби.

Најмногу поевтинила женската облека и обувки, и тоа за 2,2 проценти.

Цените за ноќевање во хотелите се намалени за 0,2 проценти, а транспортните услуги за 0,1 проценти.

Во јуни поскапеле одделни прехрамбени намирници како и безалкохолните пијалоци, и тоа за 0,5 проценти, а се зголемиле цените на одделни алкохолни пијалоци и цигарите за 0,3 проценти.