2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина: 17 милијарди долари не се доволни

Украина: 17 милијарди долари не се доволни

ukrainaukuk

Заменик премиерот на Украина, Володимир Гројсман, им кажа на меѓународните донатори дека помошта од Меѓународниот монетарен фонд од 17 милијарди долари не е доволна.

Како што се наведвува, помошта не е доволна поради „агресијата без преседан која ја поттикна Русија“.

Гројсман ги повика меѓународните донатори на состанокот во Брисел да да го подржат „Маршаловиот план“ за економско закрепнување, кој украинската влада ќе го претстави на донаторската конференција која ќе се случи во есен, пренесува Ројтерс.

ММФ во април ја одобри програмата за помош на Украина во износ од 17 милијарди долари, на две години, со цел да и помогне на владата да ја закрепне земјата по нередите. Украинската економија стагнираше во изминатите две години, а владата соопшти дека економскиот раст во оваа година најверојатно ќе се намали за 3 до 5 проценти.

Според Гројсман, агресијата на Руската Федерација не е само воена, туку таа е и од областа на економијата и енергетиката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП