27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens го намалува обемот на работење?

Siemens го намалува обемот на работење?

siemens2

Германскиот „Siemens“ ја разгледува можноста за продажба на секторот за информатички системи во здравството со цел да се насочи на енергетското и индустриското работење.

Овој сектор произведува информатички системи за помош во управувањето и негата на пациентите, а може да вреди и повеќе од милијарда евра, изјави еден од изворите за Блумберг.

Во „Siemens“ сеуште ги проценуваат опциите и сеуште не донеле конечна одлука, додава изворот, додека претставникот на „Siemens“ одби да го коментира ова.

Ројтерс во март најави дека германскaта инженерска групација размислува за продажба на микробиолошкото работење, кое произведува алати за откривање на бактерии и тестирање на антибиотици.

Извршниот директор на „Siemens“ веќе одлучи да го оддели одделението за слушни апарати и помагала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП