2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФФРМ ќе претстави веб-платформа за овошје и зеленчук во Велес

ФФРМ ќе претстави веб-платформа за овошје и зеленчук во Велес

logo ffrm

Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) денеска во Велес ќе одржи заедничка средба на фокус групите за овошје и зеленчук во рамки на проектот „Б2Б Форум – Работиме заедно за подобрување на синџирот за вредности за овошје и зеленчук“.

На средбата ќе се претстави веб-платформа и ќе се дефинира нејзиното функционирање.

Дел од веб-платформата ќе бидат и веќе дефинираните производи (домат, пиперка, краставица, тиква, зелка, компир, јаболко, модра слива, праска, вишна, цреша) на средбите во Струмица со фокус групата за зеленчук и во Битола со фокус групата за овошје.

Проектот се имплементира од консултантската куќа ЕПИЦЕНТАР во соработка со ФФРМ, а е поддржан од СИППО (Швајцарска програма за промоција на извоз и увоз на Switzerland Global Enterprise).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП