4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКредитите забележуваат раст од 7,6 проценти

Кредитите забележуваат раст од 7,6 проценти

nbrm

Заклучно со мај годинава кредитите забележуваат раст од 7,6 проценти. Првичните податоци на Народната банка на Република Македонија покажуваат дека растот е над проектираните 7,3 проценти.

„Годишната стапка на раст на вкупните кредити на крајот на мај изнесува 7,6 отсто и е над годишниот раст од 7,3 отсто проектиран за вториот квартал на 2014 година, согласно  априлската проекција. На квартална основа, остварениот пораст од 3.589 милиони денари претставува 92 отсто од растот планиран за второто тримесечје на 2014 година“, наведуваат од НБРМ.

Согласно првичните податоци на Народната банка заклучно со 31 мај 2014 година, на кредитниот пазар се забележува позначително забрзување на кредитната активност на приватниот сектор, наспроти намалувањето на вкупните кредити забележано во април. Според податоците на Банката, кредитните текови забележани на крајот на мај претставуваат најсилен месечен раст од почетокот на кризата и тоа како резултат на повисокото зголемување на кредитите одобрени на претпријатијата, во однос на кредитите наменети за секторот „население“.

Зголемување на месечно ниво забележуваат и депозитите, но во помал обем од очекуваниот за вториот квартал при што нивното ниво е под проектираното.

Најновите оценки за нивото на каматната стапка ЕУРИБОР укажуваат на непроменето ниво во 2014 година во однос на априлската проекција, додека за 2015 година очекувањата се ревидирани во надолна насока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП