27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРим вети структурни реформи во целата Унија

Рим вети структурни реформи во целата Унија

EUzastave

ЕУ и Италија мораат да се фокусираат на спроведувањето структурни реформи за зајакнување на економскиот раст, наместо да ги ублажуваат правилата за ограничување на јавниот долг, изјави денес италијанскиот министер за финансии Пјер Карло Падоан.

Италија само што го презема претседателството со ЕУ, а во наредниот период, како што изјави Падоан, „ќе им се помогне на сите земји да пронајдат мотив“ и „ќе изврши притисок за спроведување на реформи“.

Тој не прецизираше за кои реформи ќе се залага неговата земја на чело на европскиот блок. Структурните реформи обично подразбираат поголема флексибилност на пазарот за труд и намалување на бирократијата со цел зајакнување на конкурентноста.

„Потребен ни е нов замав. Треба да продолжиме со фискалната консолидација, да го зајакнеме растот, тоа е нашата цел“, изјави италијанскиот министер, пренесува АП.

Германија и Холандија се против менување на правилата.

Пандоа во Брисел донекаде остапи од италијанскиот предлог. Тој укажа на потребата за спроведување на реформи и ограничување на буџетот, но додаде дека „не треба да се менуваат правилата, туку на најдобар начин да се искористи она што го нудат“.

Правилата на ЕУ го ограничуваат буџетскиот дефицит на три проценти од БДП, а вкупниот јавен долг на 60 проценти.

Италија во моментов има долг поголем од 130 проценти од БДП, а нејзината економија е оптоварена со стапка на невработеност од 12,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП