3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиската економија веќе е на ниво на американската

Азиската економија веќе е на ниво на американската

azija ekonomija

Економијата на азиските држави, исклучувајќи ја Јапонија, со лани оствареното производство вредно 17 трилиони долари веќе е на исто рамниште со американската економија. Економскиот бум, особено во трите најголеми економии – Кина со 8,5, Индија со два и Индонезија со еден трилион долари БДП, нема да биде бесконечно позитивен и затоа азиските држави треба да почнат да ги применуваат социјалните, едукативните и технолошките норми во кои САД и Европа се многу понапред.

Предупредувањето за неопходноста да се обрне поголемо внимание на образованието и на позитивни политички реформи за поголема демократија во општествата е заеднички заклучок на околу 500 еминентни економисти и политичари кои во Сингапур учестуаа на симпозијумот посветен на економските и социјалните движења во Азија.

Учесниците, намерно, во нивните анализи не ја вкључија Јапонија, која според многу периметри има економски и политички решенијана кои би им позавиделе голем број европски држави, а во некои области и САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП