6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот суфицит на Германија 18,8 милијарди евра

Трговскиот суфицит на Германија 18,8 милијарди евра

germany1

Германскиот извоз се намали повеќе отколку што се очекуваше во мај, но и увозот нагло опадна, што укажува на слаб втор квартал во најголемата европска економија.

Благодарение на тоа е зголемен и онака големиот трговски суфицит, кој во мај изнесуваше 18,8 милијарди евра.

Заводот за статистика на Германија соопшти дека извозот е намален за 1,1 проценти во однос на претходниот месец, а се очекуваше пад од 0,4 проценти. Покрај тоа и увозот во мај е намален за 3,4 проценти.

Трговскиот суфицит на Германија во април изнесуваше 17,7 милијарди евра.

Растот на економијата на Германија изнесуваше 0,8 проценти во првиот квартал во однос на претходните три месеци, но разочарувачки најновите податоци најавуваат побавен раст во вториот квартал.

Фабричките нарачки и индустриското производство во мај биле под очекувањата поради забавувањето на економскиот раст на Кина и кризата во Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП