3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст на Франција во вториот квартал изнесува 0,2 проценти

Економскиот раст на Франција во вториот квартал изнесува 0,2 проценти

francijajdnbh43tr4

Економскиот раст на Франција во вториот квартал од оваа година изнесува 0,2 проценти, покажува третата и последна проценка на француската централна банка.

Последната проценка на Банката на Франција се базира на податоците за јуни месец.

Францускиот завод за статистика, „ИНСЕЕ“ даде малку пооптимистична проценка за економскиот раст за периодот април-јуни од 0,3 проценти, пренесува агенцијата АФП.

Банката на Франција соопшти дека индексот на индустриската деловна клима во јуни е стабилизиран на 97 проценти а во услужниот сектор на 93 проценти.

Индустриското производство минатиот месец е зголемено, особено во секторот за производство на опрема, во бродоградежништвото, воздушната и железничката опрема, како и прехрамбената индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП