4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГрст награди за Audi ширум светот

Грст награди за Audi ширум светот

Audi_Logo222

„Audi City“ ја освои наградата  „L.E.A.D.E.R.“

11111

Автомобилските Европски Вести и Автомобилскиот истражувачки центар во Билбао му ја доделија на „Audi“ наградата „ЛИДЕР“ за 2014-та година поради иновативниот концепт за изложбен салон именуван како „Audi City“. Жирито особено го пофали „Audi“ за новата технологија која е соодветна за млади и технички ориентирани клиенти. Наградата „L.E.A.D.E.R.“ им се доделува на годишно ниво на Лидерите од европската  автомобилска индустрија за развој, совршеност и истражување.

Двојна победа за „Audi“ – награда од „Automobilwoche“ за дилерска мрежа

L

Кај „Audi“ може да добиете најдобри совети: Брендот со четири прстени освои двојна победа на официјалното доделување на „Automobilwoche“ наградите за дилерска мрежа (ААА). „Audi“ ја освои познатата награда во индустријата од „Auto Mobil International“ (AMI) во Лајпциг. Брендот се најде на врвот во две категории: најдобар совет од дилерската мрежа и најдобри финансиски услуги. Преку мистерии шопинг беа оценувани советите дадени од 800 дилерски претставништва од вкупно 16 автомобилски брендови. На врвот оваа година се најдоа „Audi А1“ во категоријата мал автомобил и „Audi А3“ во компактната класа.

Повеќе награди за „Audi“ за време на „ADC“ наградите

Audi stellt die IAA auf den Kopf

„Audi“ освои вкупно 14 „ADC“ награди кои беа доделени од страна на клубот на уметнички директори на Германија. Производителот на автомобили го импресионираше жирито со своите проекти во неколку категории како на пример: изложбениот простор за автомобилскиот саем „IAA 2013“, „Audi Test Drive Cube“ и кампањата „Земјата на quattro“. „ADC“ наградите се едни од најважните награди во креативната индустријата.

Флотна награда за „Audi А3“ лимузина во Ирска

S

„Audi“ ја освои флотната награда која ја доделува ирското автомобилско списание. „Audi А3“ лимузина ги победи своите конкуренти во категоријата компактни автомобили и ја освои оваа значајна награда.

Најдобри автомобили во Мексико: награди за „Audi А1“, „Audi A7/Audi S7“ и „Audi Q5“

F

Мексиканскиот автомобилски магазин „Automóvil Panamericano“ ги прогласи победниците кои освоија најмногу гласови од читателите на магазинот. Брендот „Audi“ освои три награди „Најдобар автомобил“:

Во категоријата големи автомобили наградата ја освоија „Audi A7“ и „S7“, „Audi Q5“ беше прогласен за најдобар „SUV“, додека пак „Audi А1“ ја освои наградата за најдобар автомобил во категоријата мал автомобил.

„Автомобил на годината” во Русија:  „Audi“ ја освои наградата „Најпосакуван Бренд“

audi r8 roadster

Веќе трета година по ред, повеќе од еден милион сопственици на автомобили во Русија го гласаат „Audi“ за „Најпосакуван Бренд“ што е директно поврзано со наградата „Автомобил на годината”. „Audi А3“ Лимузина, „Audi A6“ и на „Audi R8 Spyder“ прославија голем успех, овие автомобили беа прогласени за најдобри во нивните категории.

„Audi TT“ победи на анкетата спроведена од страна на „Heilbronner Stimme“

S

Со освоени 23,6% од сите гласови, новиот „Audi TT“ беше прогласен за „Автомобил на годината“ за регионот Хајлброн – Франконија. Тоа беше одлуката на читателите на списанието „Heilbronner Stimme“.

„Audi“ ја освои наградата „Германски идеи“

B

„Audi“ по единаесетти пат ја освои наградата од германскиот институт за менаџмент. Компанијата ја доби наградата за најдобри идеи во автомобилската индустрија. Во фокусот беа идеите на вработените за подобрувања,реализација и нивно учество во носење на финалните одлуки.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП