10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина планира нови мерки за забрзување на растот

Кина планира нови мерки за забрзување на растот

kina1

Економскиот раст на Кина во вториот квартал забрза во однос на претходниот квартал, но и покрај тоа, ќе бидат потребни нови поттикнувачки мерки на владата.

Тоа го изјави кинескиот премиер Ли Кечијанг, наведувајќи дека кинеската економија сеуште е соочена со бројни притисоци и дека владата ќе примени дополнителни целни мерки за поттикнување на растот, пренесува агенцијата Ројтерс.

Неговите оптимистични коментари би можеле да влијаат на зголемувањето на пазарната доверба во пресрет на 16 јули, кога ќе бидат објавени податоците за економскиот раст на Кина во вториот квартал. Според оценките на аналитичарите кинеската економија во периодот април-јуни би требало да оствари раст од 7,4 проценти.

„Економската состојба на кинеската економија во вториот квартал се подобри во однос на првиот. Сепак, не смееме да ги намалиме одбрамбените механизми“, изјави кинескиот премиер.

Поради поттикнување на забавениот економски раст, кој во првиот квартал се намали на едногодишен минимум од 7,4 проценти, кинеските власти ги намалија даноците и им наредија на регионалните власти да ја зголемат потрошувачката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП