2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa и Air China основаат компанија

Lufthansa и Air China основаат компанија

L

Авиопревозниците „Deutsche Lufthansa“ и „Air China“ ќе основаат заедничка компанија која ќе обавува летови меѓу Кина и европските земји.

Како што е соопштено од „Lufthansa“, директорот на компанија Карстен Шпор и претседателот и извршен директор на „Air China“ Сун Чжијун потпишаа соодветен протокол за намерите во рамките на посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Кина.

Новата заедничка компанија која ќе ја основаат „Lufthansa“ и „Air China“ ќе им понуди на патниците на двете компании поголем избор на дестинации и поголема можност за комбинирање на летови. Компаниите исто така потпишаа меморандум за разбирање, со кој ќе ја прошират соработката и во областа на техничката соработка и одржувањето на авиони.

„Lufthansa“ и „Air China“ се дел од најголемата светска aсоцијација „Star Alliance“, пренесува Дојче Веле.

За време на посетата на Ангела Меркел на Кина потпишани се серија големи економски договори. Германскиот концерн „Volkswagen“ се договори со својот кинески партнер „FAW“ за изградба на уште два производствени погони во Кина, вредни две милијарди евра, а „Airbus“ за испорака на 100 хеликоптери на Кина вредни околу 300 милиони евра.

Покрај тоа, договоренo е Кина во 2015 година да биде почесен гостин на Mеѓународниот саем на компјутери и комуникациски технологии „Цебит“ во Хановер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП