28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 100 милиони сиромашни во Индија

Нови 100 милиони сиромашни во Индија

india-poor

Во Индија бројот на сиромашни врз основа на најновите критериуми за дефинирање на сиромаштија во таа земја се зголеми за уште нови 100 милиони.

Пред две години, 365 милиони од 1,2 милијарди – вкупниот број на жители во Индија, или околу една третина, живееле под границата на сиромаштијата, се наведува во извештајот на група експерти составена од претходната влада, пренесува весникот Фигаро.

Сега оваа бројка е зголемена за 100 милиони, поради новата дефиниција за сиромаштија во евроценти.

Овој извештај би требало, во пресрет на претставувањето на првиот буџет за новиот премиер Наренда Моди, да биде предмет на расправа со цел намалување на сиромаштијата во Индија, земја во која стотици милиони луѓе немаат дом ниту доволно храна.

Изработката на извештајот е побарана поради тоа што невладините организации организираа протест откако владината комисија за економско планирање во 2011 година ја дефинираше границата на сиромаштија на 33 евроценти дневно за руралните средини, односно 40 евроценти за градовите.

Група експерти која го изработи извештајот предложи границата на сиромаштијата да биде променета на 39 евроценти за селското население односно 57 евроценти за градовите, со што дополнителна група од 100 милиони жители е класифицирана во групата на сиромашни. Тоа значи дека државата мора да издвои дополнителни средства за социјална помош на најранливите категории.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП