13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖивотното осигурување во Македонија на ниско ниво, пазарот има потенцијал за раст

Животното осигурување во Македонија на ниско ниво, пазарот има потенцијал за раст

life-insurance

Животното осигурување во Македонија и регионот е на ниско ниво.

Во земјава само 30.000 до 35.000 лица имаат животно осигурување. Пазарот има потенцијал и се очекува голем раст во наредните 10 до 15 години.

Ова го истакнуваат менаџментот на Винер лајф осигурување, една од компаниите која работи на македонскиот пазар, а која од денеска има и нов претседател на Управниот одбор Ѓорѓе Војновиќ.

„Групацијата е присутна во 25 земји. Во Европа воопшто нема раст животното осигуравање, а во Македонија и во регионот е на ниско ниво и затоа сме тука бидејќи пазарот има огромен потенцијал и очекуваме голем раст во наредните години“, рече Светла Несторова, член на Надзорниот одбор на Винер лајф осигурување на денешната прес-конференција.

Животното осигурување во последните две години бележи раст од 23 проценти. Во 2013 во однос на 2012 година забележа раст од 22 отсто, а во првиот квартал од годинава во однос на првиот квартал лани растот е 23 проценти. Винер лајф, како што посочија на денешната прес-конференција, во првиот квартал бележи раст од 117 проценти.

Животното осигурување учествува со 11 проценти во вкупниот пазар на осигурување во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП