8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарските банки ќе мораат да им вратат три милијарди евра на клиентите

Унгарските банки ќе мораат да им вратат три милијарди евра на клиентите

20121212-ekonomski-vodich-za-studiranje-vo-ungarija-1

Унгарскиот Парламент усвои закон со кој банките во Унгарија се принудени на клиентите кои земале кредити во швајцарски франци, да им ги вратат сите неоправедно пресметани камати и провизии во изминатите години.

„Законот го разјасни начинот на кој должниците ќе бидат обесштетени, без разлика дали станува збор за девизни разлики или за зголемување на каматните стапки“, изјави шефот на партеничката група на владејачката партија Фидес, Антал Роган.

Просечен должник во швајцарски франци на тој начин би можел да добие отштета од меѓу 600.000 и милион форинти (од 1.932 евра до 3.220 евра), и тоа до крајот на оваа година.

Вицегувернерот на Унгарската централна банка, Адам Балог проценува дека вкупниот трошок за сите банки во Унгарија ќе изнесува меѓу две и три милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП