5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРенци: Европа им припаѓа на граѓаните, а не на германските банки

Ренци: Европа им припаѓа на граѓаните, а не на германските банки

matteo-renzid43rtf5r4yt56i

Европа им припаѓа на граѓаните, а не на германските и италијанските банки, изјави шефот на италијанската влада Матео Ренци во одговорот на говорот на претседателот на германската централна банка.

Ренци, чија земја има огромен јавен долг, се залага за подобро искористување на флексибилноста која ја дозволуваат европските буџетски правила, со цел да се иницираат инвестиции во корист на растот.

Јанс Вајдман, претседателот на Бундесбанк претходно потсети на потребата за реформи. Тој изјави дека „италијанскиот премиер објавил што треба да се направи, но дека продлабочувањето на долгот не е предуслов за раст“.

„Задачата на Бундесбанк е да гарантира почитување на уставните насоки, а не да учествува во италијанската политичка расправа“, изјави Ренци по посетата на Европската комисија по повод почетокот на италијанското претседавање со ЕУ.

„Ја почитувам работата на Бундесбанк. Ако таа сака да разговара со нас, таа е добредојдена, но врз основа на принципите дека Европа им припаѓа на граѓаните а не на германските, а ниту на италијанските банки“, додаде социјалдемократскиот лидер.

Премиерот потсети дека има намера длабоко да ја реформира својата земја, а неговите соработници говорат за радикална револуција за промена на Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП