2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром ќе ја намали дивидендата во 2016.

Газпром ќе ја намали дивидендата во 2016.

gaz71267773

Газпром ќе исплати дивиденда помала од очекуваната во 2016 година поради обемниот план за инвестиции и изградбата на гасоводи, се вели во документ од руската влада до кој „Блумберг“ имал пристап. Министерството за финансии очекува 84,4 милијарди рубљи (2,5 милијарди долари) од дивидендата на Газпром во 2016 година, а тоа е за 32 проценти помалку во однос на претходната прогноза од 124,7 милијарди рубљи.

Новата бројка одговара на дивиденда од 9,3 рубљи по акција, пресмета Блумберг.

Ова намалување веројатно во голема мера е поради инвестициите во изградбата на гасоводот кон Кина кој чини 55 милијарди долари. Тука е и Јужен тек кој Газпром ќе го чини 22 милијарди долари.

Државата за 2015 година очекува 68,8 милијарди рубљи, што е во согласност со претходните прогнози и што е за 5 проценти повеќе во однос на оваа година (7,6 рубљи по акција).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП