2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветот се труди, ама кризата не се дава

Светот се труди, ама кризата не се дава

39884774853ba6fe89c4b8486118529_640x281

Глобалната економска активност би требало да зајакне во втората половина од годината и дополнително да забрза во 2015 година, иако забрзувањето би можело да биде послабо од очекуваното.

Тоа е изјавата на директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, на економскиот форум во јужниот дел од Франција.

Според неа, монетарната политика на централните банки може да има само ограничено влијание на побарувачката, поради што е потребно сите земји да го поттикнат растот по пат на инвестиции во инфраструктурата, здравството и образованието како и да обезбедат одржливост на долгот, пренесува британскиот дневник „Гардијан“.

„Прогнозата на ММФ за глобалниот економски раст, која ќе биде објавена на крајот на овој месец, ќе биде само малку поинаква во однос на прогнозата од април“, изјави Лагард, мислејќи така на потенцијалното намалување на прогнозата за раст на светската економија за која во април беше предвиден раст од 3,6 проценти во оваа и 3,9 проценти во 2015 година.

„Глобалната активност забрзува, но забрзувањето би можело да биде под очекувањата поради потенцијално слабиот раст и задушените инвестиции“, порача таа.

Од таа причина, директорката на ММФ повика на дополнителни инвестиции, наведувајќи дека недостатокот на инвестиции како во приватниот така и во јавниот сектор го задушува растот во многу земји.

„И покрај бројните реакции на кризата, закрепнувањето е скромно, мачно и кревко, додека мерките за поттикнување на побарувачката, и покрај добрата волја на централните банки, се со помали ограничувања“, изјави таа и побара сериозни чекори за поттикнување на растот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП