2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто советува легендарниот Стен Ли во врска со изборот на работа (видео)

Што советува легендарниот Стен Ли во врска со изборот на работа (видео)

stan-lee

Премногу луѓе не се занимаваат со она што навистина го сакаат, вели легендарниот Стен Ли, еден од креаторите на цртаните ликови како што се „Spider Man“, „X – Men“, „Hulk “, „Iron Man“…

А како да го постигнете успехот во работата, ќе ви објасни познатиот креатор на стрипови, продуцент и директор на „Marvel Comics“.

„Мислам дека ако сакате нешто да направите, морате да го работите она што најмногу го сакате и она во што сте најдобри. Многу луѓе не го работат тоа што го сакаат со цело срце, па работат нешто друго за што мислат дека ќе биде полесно да добијат работа и да заработат пари. И тие тогаш се чувствуваат како „да работат“. Но кога го работите тоа што го сакате, тогаш се чувствувате како всушност „да си играте“, вели Ли и го наведува својот пример кога тој како млад човек сакал да стане музичар, но од тоа се откажал, бидејќи не бил талентиран, па се префрлил на пишувањето, кое го сакал и кое му донело успех.

Погледнете го интeрвјуто во кое Стен Ли ги дава своите примери и совети…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП