28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРевизија на кредитниот рејтинг на Аргентина

Ревизија на кредитниот рејтинг на Аргентина

165260445953a18030a733e635741497_640x480

Агенцијата за кредитен рејтинг „Moody’s“ врши ревизија на оценката за кредитниот рејтинг на Аргентина која изнесува „Caa2“.

Во извештајот на агенцијата „Moody’s“ се наведува дека Аргентина, доколу не најде начин да ги реши проблемите со доверителите, односно со сопствениците на аргентинските државни хартии од вредност, наскоро би можела да се најде во големи финансиски проблеми.

На Аргентина на 30 јуни и истече рокот за исплата на долговите кон сопствениците на обврзници кои ги издаде таа земја, но дадени и се уште 30 дена за регулирање на тие обврски, што, како што пренесува агенцијата АФП, повторно не е доволно за таа земја да се извлече од проблемите.

Во изминатата деценија Аргентина успеа со повеќето кредитори да договори репрограмирање на долговите, но со седум кредитори заврши пред американскиот Врховен Суд.

Тој Суд неодамна ја отфрли жалбата со која владата во Буенос Аирес се обиде да ја оспори исплатата на целосната вредност на обврзниците кои одредени хеџ фондови ги купија откако земјата пред повеќе од една деценија објави банкрот.

Освен што и наложи на земјата во целост да ги исплати нерепрограмираните долгови, Судот, во случај Аргентина да не го стори тоа, на доверителите им овозможи да го запленат аргентинскиот имот било каде во светот.

На средината на јуни кредитната агенцијата „Standard & Poor’s – S&P“ го намали рејтингот на Аргентина за два степени, од CCC+ на CCC-. Прогнозата на „Standard & Poor’s“ за Аргентина е нагативна, што укажува на можност за дополнително намалување на рејтингот, со оглед на можноста за прекин на плаќањето, односно проблеми во расчистувањето на долгот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП