28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple го одобри биткоинот

Apple го одобри биткоинот

P

Apple реши да им овозможи на корисниците на Apple апликациите да ги купуваат исто како што купуваат и други електронски производи и сервиси на интернет, користејќи биткоин.

Иако „Apple“ претходно цврсто се противеше на биткоин апликациите и ги повлече од продажба и покрај големиот успех кој го имаше „Bitcoin wallet“ апликацијата со 120.000 преземања, во рамките на неодамнешните регулаторни промени во САД, овој технолошки гигант реши да ја ревидира својата политика и да им овозможи на корисниците на Apple апликации да ги купуваат исто како што купуваат и други електронски производи и сервиси на интернет, користејќи биткоин.

Оваа одлука на Apple се совпаѓа со отстранувањето на забраната за трговија со било која валута која не е американски долар. Промената на законот се случи минатата недела, и прва држава која го прифати биткоинот како рамноправно средство за плаќање е Калифорнија. Имено, алтернативните валути ја добија долгоочекуваната шанса најпрво во Калифорнија кога гувернерот на Калифорнија Џери Браун го стави својот потпис на измената на законот за корпорации и средства за плаќања.

На овој начин, довербата во крипто-валутата чија стабилност не зависи од финансиската политика на одделни влади, или било која централна банка, значително се зголеми. Законитоста на биткоинот се разликува од земја во земја и зависи од тоа на кој начин се дефинира прометот со нематеријални средства и во која мера тој е изедначен со останатите видови на промет.

„Изгледа дека Apple го забележа биткоин цунамито кое доаѓа, и одлучи да биде подготвен за тоа“, напиша инвеститорот Роџер Вер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП