18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСледат отпуштања во Microsoft?

Следат отпуштања во Microsoft?

microsoft-headquarters-070712

Ретки се случаите по некоја голема аквизиција во двете компании сите вработени да го зачуваат своето работно место. Аналитичарите веруваат дека отпуштањата во „Microsoft“ по купувањето на одделението на „Nokiа“ за мобилни телефони е само прашање на време.

„Microsoft“ со оваа аквизиција на сопствените 100.000 вработени додаде уште 25.000 од „Nokiа“. Причината за отпуштањата се преклопувањето во одделите, кои по реорганизацијата ќе бидат соединети.

Втората причина е таа што со аквизицијата вредна преку седум милијарди долари, купена е компанија која не носи пари, барем не се уште. Блиски извори од „Microsoft“ наведуваат дека од отказите би можеле да бидат погодени до десет проценти од работната снага.

Отпуштањата ќе бидат објавени по 22-ри јули кога ќе биде одржан состанок за финансиските резултати, наведуваат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП