10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSharp се повлекува од европскиот пазар

Sharp се повлекува од европскиот пазар

sharp

Јапонската компанија „Sharp“ ќе стопира повеќе активности во Европа поради незадоволувачката рентабилност.

„Sharp“, кој е пионер во производството на „LCD“ монитори, базирани на технологијата на течни кристали, на „Стариот континент“ остварува само седум проценти приходи од странскиот пазар, а како последица на нивната најнова одлука, ќе уследи и гасење на најмалку 300 работни места.

Компанијата има намера својата фабрика за телевизори во Полска да ја продаде на тајванската групација „TPV Technology“, на која ќе и одобрат да продолжи со продажбата на ТВ апарати под марката „Sharp“.

На тој начин, пазарниот удел на „Sharp“ во Европа ќе падне на само 1.6 отсто.

Тие исто така имаат намера и да го напуштат секторот за соларни паркови во Европа и да се повлечат од заедничката компанија со италијанска „Enel“, на која својот удел ќе го продадат за околу 3 милијарди јени (22 милиони евра).

Како што наведува истиот извор, „Sharp“ во последните години помина низ тежок период и се уште се наоѓа во фаза на обновување, а во иднина сакаат да се посветат на своите профитабилни пазари, како што се Јапонија, Азија и САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП