3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците заслужија нова транша помош

Грците заслужија нова транша помош

grcija-eib

Грчкото министерство за финансии соопшти дека главниот орган задолжен за надзор на меѓународниот пакет за помош, дал „зелено светло“ за исплата на наредната транша на помош.

„Работната група „Eurogroup“, составена од претставници од министерствата за финансии на 18-те членки на еврозоната, како и претставник на Европската комисија и Европската централна банка, денес го одобриле пуштањето на наредната транша помош за Грција“, се наведува во соопштението на министерството за финансии на Грција, а пренесува агенцијата АП.

Се очекува дека министрите за финансии од земјите членки на еврозоната во понеделник на состанокот во Брисел, официјално ќе го одобрат пуштањето на наредната рата како помош за Грција во вредност од една милијарда евра.

Грција од мај 2010 година се потпира на меѓународна помош, бидејќи во тој момент веќе не беше во можност да собере средства на пазарот на обврзници поради тешката финансиска криза. Во замена за добивање на помош, Грција се согласи на реорганизирање на целокупната економија, кратење на јавниот долг и зголемување на данокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП