18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали итно ви е неопходна промена?

Дали итно ви е неопходна промена?

dolg1

Доколку чувствувате тешкотии или сте заситени од работата, променете го своето секојдневие. Разбистрете го умот со некоја омилена песна, или научете некој странски јазик, заминете на патување за викендот, опкружете се со пријателите…

Најдобро е да запишете некоја своја вештина, односно предност, но и недостатоци кои можете да ги исправите за да напредувате или дури и да ја промените работата.

Еден од советите е да запишете некој курс, да речеме курс за странски јазици или за компјутери, а доколку навистина размислувате за промена на работата, проширете ја веста најпрво меѓу вашите пријатели и познаници кои можат да ви помогнат околу тоа.

Доколу сте мрзеливи или имате помалку концентрација на работа, дури и мали промени можат да ви помогнат да го надминете тоа.

Започнете со здрав доручек и лесни вежби. Разбистрете ги мислите, излезете на чист воздух или пуштете си ја омилената песна за време на паузата.

Повторувањето дека сте незадоволни нема да ви помогне, треба да промените нешто со цел сами да си помогнете, можеби само станува збор за лош период а можеби и за монотон распоред кој треба да го збогатите.

Ако нон-стоп се жалите дека сте незадоволни, заситени од работата, може да ви биде само полошо. Најважно е да го промените негативниот став кој го имате во позитивен, така што ќе се концентрирате барем на неколку добри страни на вашата работа и со тоа барем за почеток ќе ја пребродите монотонијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП