2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајмногу злато во САД, во регионот во Грција

Најмногу злато во САД, во регионот во Грција

zlatoloshizbor41654e64ge64gs64gs

Земјите со најголеми златни резерви во светот се САД, Германија, Италија, Франција и Кина, а најдобро рангирана земја од регионов е Грција.

Грција која е на 33 место во светот има најдобра позиција во регионот, бидејќи располага со 112,2 тони злато.

Бугарија се наоѓа на 48 позиција со 40 тони злато, Србија на 62 место со 16,6 тони златни резерви, нашата земја со 6,8 тони злато го зазема 77 место во светот, додека пак, Словенија е на 90 место со 3,2 тони злато. Босна и Херцеговина се наоѓа на 93 место со три тони злато, а Албанија е на 99 место со 1,6 тони златни резерви.

На листата на 100 земји, рангирани според количината на резерви од овој племенит метал, која ја објавува Светскиот совет за злато, не се наоѓаат Хрватска и Црна Гора.

Меѓу финансиските институции, најмногу злато има Меѓународниот монетарен фонд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП