25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSberbank прва меѓу банките во Централна и Источна Европа

Sberbank прва меѓу банките во Централна и Источна Европа

sberbankjkfweuipty8943yt

„Sberbank“ го зазеде првото место меѓу банките во Централна и Источна Европа, продолжувајќи го своето водство над најблиските конкуренти на годишната ранг листа „Топ 1.000 банки во светот“, објави британскиот магазин „The Banker“. „Sberbank“ го зголеми својот основен капитал од 6,46 на 43,52 милијарди долари.

Во севкупниот поредок, оваа банка го зазема 33-то место, за едно место погоре во однос на минатата година. „Industrial and Comercial bank of China“ (ICBC) и „China Construction Bank“, ги заземаат водечките позиции на листата, како и минатата година.

Лондонскиот магазин „The Banker“ е специјализиран неделник насочен на меѓународните финансии, во сопственост на „Financial Times“, кој прави годишно рангирање на најголемите банки во светот од 1970 година. За рангирање, експертите на „The Banker“ магазинот користат индекс базиран на основниот капитал.

Во 2013 година „Sberbank Europe Group“ остварила пресврт и нето профит во износ од 5,6 милијарди евра, по загубата во 2012 година. „2013 година беше година на пресврт за нашето работење во Европа. Многу сме среќни што стигнавме до врвот со ова престижно признание од „The Banker“ магазинот“, нагласи Марк Арнолд, претседател на управниот одбор на „Sberbank Europe“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП