18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаркет операторите од регионот работат на усогласување на механизмите за балансна одговорност

Маркет операторите од регионот работат на усогласување на механизмите за балансна одговорност

el energija

На регионот му е потребен заеднички пазар на електрична енергија за балансна енергија, е заклучокот од работната средба на маркет-операторите на Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија што се одржа во Скопје во организација на Енергетската заедница, а чиј домаќин беше Операторот на пазар на електрична енергија што работи во состав на МЕПСО.

На дводневниот состанок се разменија искуства за практиките за утврдување на балансна одговорност на учесниците на пазарот за електрична енергија, за легислативата, балансната одговорност на учесниците на пазарите за балансна енергија, методите за пресметки на дебаланси, утврдување на цените за дебаланси, финансиските порамнувања, пресметките и други теми поврзани со оваа материја.

Со презентации за нивоата и активностите за утврдување на балансна одговорност на учесниците на пазарот за електрична енергија се претставија маркет-операторите на Албанија, Македонија, Србија, Црна Гора и на Косово, а своја презентација имаше и претставник на Енергетската заедница.

Енергегетската заедница е интернационална организација за енергетски политики со седиште во Виена, Австрија. Нејзини членки се државите од Европска унија, а Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Украина и Молдавија се договорни страни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП