3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 пијалоци кои имаат повеќе калории од чоколадното колаче

5 пијалоци кои имаат повеќе калории од чоколадното колаче

brusnice_in

Ако мислите дека десертите се најлоши за вашата половина, грешите. Овие пијалоци содржат многу повеќе калории од обичното чоколадно колаче (кое обично има од 200 до 230 калории), па затоа во иднина размислете два пати пред да се напиете од нив.

1. Сок од грозје

Половина литар сок од грозје содржи 270 калории. Многу повеќе отколку што мислевте, зарем не? За споредба, половина литар црн газиран сок содржи 200 калории.

2. Чоколадно млеко

62332_profimedia0159268114_630x0 (1)

250 мл. чоколадно млеко содржи околу 250 калории, а многумина пијат половина литар наеднаш.

3. Сок од портокал

Половина литар сок од портокал содржи 258 калории. Тоа е уште една причина сокот од портокал да го пиете умерено и полека, а ако сакате разредете го и со вода.

4. Вино

6945_zena-pije-vino-02-shutterstock_24639517_630x0

Две чаши вино содржат дури 320 калории. Колку и да го сакате виното, запрете на една чаша.

5. Сок од брусница

Половина литар сок од брусница содржи 260 калории. Во споредба со ова чоколадното колаче звучи „премногу лесно“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП