28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСакате да работите во Porsche? Имате шанси!

Сакате да работите во Porsche? Имате шанси!

porshe rabotnici

Со цел да го остварат планираниот раст на производство и продажба, „Porsche“ планира до 2018-та година да вработи околу 1000 луѓе, а со тоа ќе го зголеми бројот на работници за четвртина. Во овој производител велат дека повеќето нови работници нема да бидат од Германија.

Од „Porsche“ истакнуваат дека, покрај намалувањето на бројот на вработени во европската авто-индустрија, оваа компанија ќе го зголеми бројот на работници кој моментално надминува 21.000.

За да го зголемат производството на 200.000 автомобили во 2015-та, германскиот производител веќе вработи 8.400 нови работници во последните четири години.

„Годишната стапка на вработување во „Porsche“ нема да биде така висока како во изминатиот период, но и натаму имаме потреба од нова работна сила“, изјави директорот на кадровското одделение, Томас Едиг.

Тој додаде дека новите работници ќе бидат неопходни за производство на идните модели, но и во секторите за продажба и сервисирање.

„Porsche“ е една од најпрофитабилните авто-компании на светот. Кога станува збор за заработката, овој производител по „Audi“ е втората најважна компанија која работи во рамките на групацијата „Volkswagen“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП