8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠKODA во Велика Британија по четврти пат настапува на легендарниот фестивал Goodwood

ŠKODA во Велика Британија по четврти пат настапува на легендарниот фестивал Goodwood

SKODAVisionC001-naslov

Goodwood во јужна Англија е уникатен настан за меѓународната и британската автомобилска сцена

ŠKODA приреди многу изненадувања и уште еднаш го прикажа својот спортски карактер на овогодишното издание на фестивалот Goodwood. Брендот ги претстави дизајнерските концепти ŠKODA Yeti XTreme and ŠKODA VisionC, а рели автомобилот Škoda Fabia Super 2000 и рекордерот ŠKODA Octavia vRS Bonneville се појавија на тркачката патека и предизвикаа голема возбуда кај посетителите. Додека вљубениците во велосипедизмот имаа можност оваа година за прв пат да уживаат со велосипедите на ŠKODA.

Yeti_xtreme_02

21та трка на легендарниот фестивал Goodwood се случи од 26 до 29 јуни. ŠKODA UK е партнер на Goodwoodвеќе 4 години по ред,фестивал кој секоја година го посетуваат околу 200000 вљубеници во автомобилите и воедно е најголема светска моторспорт атракција. Олдтајмери и модерни автомобили од сите категории се претставуваат на тркачка патека долга 1.7km.

“ŠKODA е едно од големите имиња на меѓународниот мотоспорт изминатите 113 години”, изјави Вернер Еихорн, директор на продажба во ŠKODA, “Фестивалот Goodwood ​е апсолутен врв на годинашнава агенда на моторспорт трките. Во соработката со ŠKODA Велика Британија, имавме можност да ја преставиме нашата експертиза во технологијата и мотоспортот од една динамична и емотивна страна”.

Yeti_xtreme_03

На ŠKODA павилјонот посетителите можеа да видат два концепти кои од Млада Болеслав беа наменети специјално за Велика Британија. Брендот ја трансформираше популарната изведба на компактниот SUV од ŠKODAYetiXtreme – која има солиден концепт со спортски карактер и со рели дизајн. Возилото за првпат беше прикажано пред неколку недели во GTI средбите во Вуртерзе. Најважните дизајн моменти на YetiXtreme се: 17-инчните алуминиумски тркала, големи off-road гуми, затемнети стакла, моќни и маркантни браници, LED светла, изразени прагови и две широки издувни цевки. Ентериерот, исто така се карактеризира со соодветна рели опрема: четири Recaro спортски седишта, спортски управувач со можност за менување на степени на пренос, карбонски панели, алуминиумско подвозје, противпожарен апарат, како и специјално место каде што може да се постави iPad.

Yeti_xtreme_14

Популарниот SUV на ŠKODA, неодамна го доживеа своето освежување, а во моментов актуелен е новиот Yeti со богата „Adventure“ опрема и со моќен 2.0 TDI мотор со 110 КС, кој секое патување го прави  возбудлива и незаборавна авантура.

На Goodwood ŠKODA го претстави и спектакуларниот дизајн концепт VisionC, кој пренесува чиста емоција. Фантастично дизајнираниот автомобил беше една од главните ѕвезди на овогодинешниот автомобилски саем во Женева, а сега, за прв пат  гостува во Велика Британија. Динамичното и елегантно концепт купе со пет врати може да се пофали со експресивен дизајн, минималистички линии и совршени пропорции. Возилото го најавува следниот еволутивен чекор во дизајнерскиот израз на ŠKODA, и прикажува како во иднина ќе изгледа каросеријата на автомобилите со логото на ŠKODA. Покрај тоа, VisionC ги истакнува вредностите на брендот, во однос на функционалноста и грижата за околината. Автомобилот има пространа внатрешност, мотор кој користи иновативен природен гас и секако одлична аеродинамика.

SKODAVisionC001

Покрај уживањето во спортските модели, ŠKODAна посетителите им понуди и фантастични трки на две тркала. Со тоа ŠKODA ги потсети посетителите на своите почетоци и на поврзаноста со  велосипедите, како и на бројните активности кои ŠKODA ги презема како поддршка на  меѓународниот велосипедски спорт. Ова случување не беше нешто што само може да се гледа туку посетителите, имаа можност и да учествуваат на специјално дизајнираната патека во Goodwood со    ŠKODA велосипедите. Силна врска меѓу ŠKODA и велосипедизмот може да се види преку спонзорствата на познатите велосипедски трки како на пример најпознатата трка во Франција Тур де Франс. Во нашата земја ŠKODA Македонија и понатаму останува спонзор и официјално возило на „Маврово Тур“најпознатата македонска велосипедска трка.

140328 ŠKODA VisionC - 002

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП