6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКувајт го усвои рекордниот буџет од 82,6 милијарди долари

Кувајт го усвои рекордниот буџет од 82,6 милијарди долари

kuwaiti_money

Парламентот на Кувајт во четвртокот го прифати државниот буџет  со рекорден износ од 23,21 милијарди кувајтски динари (82,6 милијарди долари).

Буџетот за фискалната 2014/2015 година предвидува дефицит од 3,13 милијарди динари (11,2 милијарди долари), пресметан врз основа на конзервативната проценка на цените на суровата нафта од кои оваа земја има најголеми приходи.

Расходите се зголемени за 10,5 проценти во однос на 21 милијарда кувајтски динари од претходниот буџет, додека приходите се проценети на 20,07 милијарди динари (71,4 милијарди долари), што е раст од 11 проценти.

Буџетот е прифатен и покрај острата критика на официјалните лица поради растот на расходите, вклучувајќи ги платите и субвенциите.

За време на расправата, дури и министерот за финансии Анас ал Салех изјавил дека јавната потрошувачка за 13 години е шесткратно зголемена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП