25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва е најзадолжената земја во светот

Ова е најзадолжената земја во светот

National-Debt

Долгот на Грција изнесува 173 проценти од бруто домашниот производ (БДП), но тоа не е ни блиску до најголемиот долг во светот. Ќе се шокирате кој се е полош од нашите јужни соседи, а особено од тоа кој е на првото место и колку должи.

Кога некој троши повеќе од тоа што заработува и се задолжува за да може да продолжи со раскошниот стил на живеење, тој најчесто се нарекува расипник . Но, неговите постапки влијаат на него и неговото семејство и не се одразуваат врз животот на останатите луѓе. Но, сепак, кога ова го прават политичарите во име на државата која ја водат, страда целата нација, а особено онаа сеуште неродена генерација која допрва доаѓа.

Не ни е желба овде да ги критикуваме државниците бидејќи тоа не е само нивна вина, големо влијание има и филозофијата на системот во кој живееме и кој не може да се промени без сериозна револуција, но тука е и вината на самите граѓани кои од оние кои ги избрале да владеат го очекуваат невозможното, затоа ние ќе се сконцентрираме на 10-те најзадолжени земји во светот во овој момент, земајќи ги во предвид сите долгови, како внатрешните така и надворешните.

Статистиките покажуваат дека најзадолжени земји во светот се оние кои на некој начин историски биле доминантни. На десетото место се наоѓа Канада, со долг кој изнесува 276 проценти од БДП. Домаќинствата во овој долг допринесуваат со 91 процент, нефинанскиските институции со 53 проценти, финансиските 63 проценти, а владата со 69 проценти.

Следна на листата е Австралија со долг од 277 проценти од БДП, од кои најмалку е задолжена владата (21 процент), а најмногу домаќинствата (105 проценти). Осма е Германија, која покрај Грција, е во фокусот на целата финансиска криза поради инсистирањата на мерките за штедење. Иако има долг од 278 проценти од БДП, во кој домаќинствата имаат удел од 49 проценти, поради ниската невработеност и растечката економија, таа е во положба да им наредува на другите. И, секако, редовно да ги враќа доловите, што е најважно.

Седма на топ листата е Америка со долг од 279 проценти од БДП. Во овој долг владата има удел од 80 проценти, домаќинствата 87 проценти, нефинансиските организации72 проценти, а финансиските 40 проценти. Сепак, САД имаат највисок долг во апсолутен износ, кој се проценува на 17,3 илјади милијарди долари. Долгот кој го генерираше Вашингтон е зголемен за 10 илјади милијарди долари во последната деценија.

Јужна Кореја е шеста на оваа црна листа, а нивниот долг изнесува 314 проценти од БДП. Сеул ја искористи финансиската криза да се смести на местото на една од водечките светски економии, односно да извлече корист од кризата.

Потоа доаѓа Италија, која има ист долг како и Јужна Кореја. Сите очекуваат дека оваа земја ќе биде „следната Грција“, токму како и четвртата земја на топ листата на најзадолжените: Франција. Официјален Париз допринесува во долгот со 90 проценти од БДП, од вкупно 346 проценти долг.

Третата Шпанија е уште полоша: нејзиниот долг е 363 од БДП, а најмногу во него имаат удел нефинансиските корпорации со 134 проценти.

Големо е прашањето дали Шпанија ќе успее да се извлече, токму како и нејзиниот сосед и веќе повеќепати споменатата Грција, која има значително помал процент на задолженост и токму поради тоа не е на листата. Грција, има долг од 173 проценти но поради економијата која веќе повеќе години е во пад, не е способна да го отплатува.

„Порано или подоцна, овие земји секако ќе мораат да направат девалвација. Општото правило гласи дека кога долгот ќе надмине 100 проценти, се појавува проблем. Тоа најверојатно е невозможно да се врати, освен ако постои неверојатно брз економски раст“, вели економскиот експерт Метју Лин.

Втора земја на оваа листа е Велика Британија, која должи неверојатни 507 проценти од БДП, во кој најголем удел имаат финансиските институции со 219 проценти, но и домаќинствата не се занемарливи со 98 проценти. Со други зборови, обичните Британци се должни онолку колку што се тешки.

Сепак, никој не е како Јапонија, која ја победи дури и Велика Британија. Навистина, ја победи и тоа за само пет проценти, но малку ли е? Во случајот на Јапонија и нејзиниот долг кој изнесува 512 проценти од БДП, владата има удел од 226 проценти, финансиските институции 120 проценти, нефинансиските 99 проценти, а обичните Јапонци 67 проценти.

Најлошо од се е тоа што се предвидува дека локалната економија нема многу да расте во наредните пет години, а кога ќе се земе во предвид и црното предвидување дека бројноста на популацијата ќе се намали за една третина до 2060 година, слободно може да се каже дека воопшто не им цветаат рози.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП