1 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗошто работниците во Google ја сакаат оваа компанија

Зошто работниците во Google ја сакаат оваа компанија

1404384213google-zaposleni

Некогашните, но и сегашните, вработени во „Google“, на сајтот „Quora“ ги открија предностите за работа во оваа компанија.

Бесплатна храна

Вработените во „Google“ исклучително добро се хранат и компанијата им нуди здрав и разновиден појадок, па и вечера доколку работат до доцна и тоа потполно бесплатно. Тука се и бројните барови со сокови и кафе ширум кампусот.

Секојдневно сте опкружени со неверојатни луѓе и мислители

Компанијата е одлично место да се видат, слушнат и запознаат луѓе за кои многумина имале само читано. „Опкружени сме со паметни и мотивирани луѓе кои прават најдобра средина за учење на која сум бил некогаш изложен. Не мислам само на стручни совети, туку тука е и работата со неверојатните колеги“, изјави еден вработен во „Google“.

1-Google-Office-In-Dublin-Pictures-

Вработените имаат чувство дека живеаат во иднината

Поради фактот дека „Google“ е една од водечките технолошки компании во светот, не е изненадувачки фактот дека вработените константно се изложени на новите технологии. Тие ги користат бројните производи на компанијата за да ги завршат своите проекти и да ги тестираат уредите и софтверите кои сеуште не се претставени на јавноста. „Chrome“ беше мојот примарен пребарувач пред да биде најавен. Користев телефони, таблети и „Chromebooks“ пред да бидат пуштени во продажба. Тоа е забавно. Можам да видам како ќе изгледа иднината и ако оставам добар впечаток или уште повеќе се ангажирам, можам и да ја обликувам иднината“, тврди еден од вработените во „Google“.

Вработените во кампусот имаат бесплатен превоз од работа до дома

Иако автобусите на „Google“ наидоа на неодобрување кај жителите на Сан Франциско, тие се и понатаму неверојатен ресурс за вработените. Сите автобуси имаа „WiFi“, па така, вработените можат да се опуштат, но и да ги завршат своите деловни обврски пред да стигнат дома.

google-dublin

Милениците се добродојдени

Сите вработени во „Google“ можат да ги донесат своите домашни миленици на работа. Некогашен вработен во „Google“ тврди дека доведувањето на неговото милениче на работа, ја зголемило неговата енергија, но и енергијата и радоста на другите вработени, бидејќи му помогнало да запознае луѓе кои инаку никогаш не би ги запознал.

„Google“ се грижи за општата среќа и благосостојбата на вработените

Вработените можаат да им дадат „кредити за масажа“ на колегите после добро завршената работа. Овие кредити можат да се искористат за бесплатна едночасовна масажа. Покрај масажата, еден вработен опишува што му се случило кога се повредил во времето кога работел за компанијата. „Се повредив додека бев во САД и морав да одам на три операции и други прегледи поради што неможев да работам 5 месеци. Мојот менаџер, колегите но и целата компанија покажаат голема емпатија и ме охрабруваа само да се сконцентрирам на тоа да ми биде подобро. Кога се вратив на работа и понатаму бев под стрес, но мојот менаџер постави цели во склад со мојата состојба, а тоа ми помогна многу брзо да се вратам и да продолжам таму каде што застанав“.

google-office-design

Новите родители ја добиваат паузата која ја заслужуваат

Нормално е мајките да отсуствуваат од работа и до 6 недели после породувањето, но во „Google“ приказната е друга.

Новите татковци добиваат 6 недели платено отсуство, а мајките 18 недели

„Google“ на вработените им дава дури и посебен бонус за да им помогне со новите трошоци. А кога родителите ќе се вратат на работа, постои бесплатна градинка за децата.

Вработените имаат бесплатни фитнес часови и се охрабруваат да им се придружат на тимските спортови

„Сакам да размислувам под туш. Можноста да излезам надвор и да џогирам ми помага да се фокусирам на работата и да се ослободам од стресот при работата во канцеларија“, тврди еден вработен.

google-office-interior-2

Правилото 80/20 на вработените им дава можност за креативност

Ова правило им овозможува на вработените 80 проценти од времето да го посветат на својата примарна работа, а 20 проценти од времето можат да го поминат работејќи на проекти во кои веруваат и за кои мислат дека ќе и помогнат на компанијата.

Вработените можат да добиваат додатни слободни денови за да се посветат на своите страсти

Покрај одморот, „Google“ на вработените им нуди додатни можности да го искусат животот надвор од работата. Тие можат да земат и до 3 месеци неплатен одмор под посебни околности. Во текот на тој период им се плаќа здравствено осигурување, а слободното време можат да го користат работејќи за непрофитабилни организации, политички кампањи или други проекти ориентирани кон општеството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП