26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата на Португалија ги намали платите

Владата на Португалија ги намали платите

portugalija3498

Владата на Португалија во четвртокот ги намали платите, ветувајќи дека во 2015 година некои од нив ќе ги врати на сегашното ниво.

Платите на државните службеници повисоки од 1.500 евра месечно, се намалени за 3,5 до 10 проценти, со цел делумно да се намали недостатокот во државниот буџет, бидејќи Уставниот суд ги укина мерките за штедење.

Намалување на платите постоеше и меѓу 2011 и 2013 година, кога беа замени со други мерки. Истовремено, Владата потврди дека намалувањата на платите за 2015 година ќе бидат за 20 проценти помали, а дека во наредните пет години платите ќе растат.

„Ако економското закрепнување продолжи како и досега, постепеното ограничување на намалувањето на платите може да се случи и побрзо“, објави Владата.

Португалскиот Уставен суд на крајот на мај ги поништи мерките за штедење, вклучувајќи намалување на платите на службениците повисоки од 675 евра месечно. Таа одлука државната каса ја чинеше 860 милиони евра. Владата за оваа година вети намалување на буџетскиот дефицит на четири проценти од БДП.

Поради одлуката на Уставниот суд, Португалија мораше да се откаже и од последната транша помош, од 2,6 милијарди евра, бидејќи меѓународните кредитори бараа Владата најпрво да ги претстави алтернативните решенија за постигнување на ветената заштеда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП