2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИ на богатите не им е лесно...

И на богатите не им е лесно…

Money-no-enough-525x250

Иако парите денес се на врвот од листата со желби и многумина би направиле се само да стигнат до нив, оние кои веќе ги поседуваат велат дека дури и кога имате цело богатство не е се така сјајно.

На социјалната мрежа „Quora“ се појави прашањето „Вреди ли да се биде богат?“, а оние помоќните ги споделија своите искуства околу тоа. Еве кои се десетте најинтересни одговори на корисниците на „Quora“ кои ја откриваат лошата страна на богатството.

1. Со богатството доаѓаат и големи жртви. За време на годишните обиди да заработите големи пари, постојат и можности да ви се загрозат врските со други луѓе, да пропуштите некои многу важни животни искуства, да загрозите некои идни прилики и да ги занемарите своите страсти и соништа.

2. Другите лица може да ве сметаат за алчни, сурови или работохолици. Ако купувате убави нешта, другите луѓе ќе ве осудат како лик од материјалниот свет.

3. Богатството ве одалечува од поширокото општество. Многу лица ќе го променат мислењето за вас и ќе ве напуштат, не ценејки го вашето пријателство туку судејќи според материјалната состојба.

4. Пријателите и семејството ќе се однесуваат поинаку со вас. Веројатно ќе започнат да ви бараат позајмици или ќе имаат нереални стандарди за роденденските или божиќните подароци кои треба да им ги купите, но и ќе очекуваат вие да го платите ручекот кога ќе бидете излезени заедно.

5. Поради парите можете да ги изгубите перспективите. Запрашајте се, „Поседувам јас пари, или тие ме поседуваат мене?“. Парите многу лесно можат да ја преземат контролата над вашиот живот.

6. Вашите пари ќе станат средство за привлекување внимние. Лицата ќе ве ценат според тоа колку пари имате, сте потрошиле или планирате да потрошите, постојано ќе зборуваат колку трошите, за што се давате пари и така целото „негативно“ внимание ќе биде насочено во вас. А заедно со тоа, и вие ќе станете материјалиста кој постојано сака нова куќа, нов автомобил…

7. Вашите деца можеби никогаш нема да ја научат вредноста на парите. Тешко е да ги научите децата на кои сте им купиле се можно, колку всушност вредат парите. Размислете убаво за ова!

8. Луѓето постојано ќе очекуваат нешто од вас. Тешко ќе ви биде да процените дали некој е добар со вас поради тоа што му се допаѓате или поради вашите пари.

9. Ќе бидете презаситени од се, лесно е кога имате пари и кога се ќе си купите, но тешко е кога еден ден повеќе ништо нема да ви привлекува внимание и нема да ве задоволува, бидејќи знаете дека лесно можете да го имате. Ќе ја изгубите страста и ништо ново нема да ве радува.

10. Кога имате многу пари не знаете што понатака. Лицата кои немаат пари постојано се борат да заработат што повеќе, а вие бидејќи имате пари, нема да имате никаква цел, ниту борба со нешто да се ангажирате. Така, животот полека станува досаден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП