8 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорасна БДП на Ирска за 2,7 проценти

Порасна БДП на Ирска за 2,7 проценти

irska-dablin

Економијата на Ирска порасна за 2,7 проценти во првиот квартал од 2014 година, што е најновиот показател дека оваа членка на еврозоната се враќа на патеките на раст.

„Прелиминарните проценки за првиот квартал од 2014 година говорат дека бруто домашниот производ (БДП) на Ирска порасна за 2,7 проценти во споредба со последниот квартал од минатата година“, покажаа официјалните податоци на ирската канцеларија за статистика (CSO).

CSO исто така, ги ревидираше и податоците за цела 2013 година, па така според најновите податоци, ирската економија минатата година пораснала за 0,2 проценти, а не ослабела за 0,3 проценти, како што првично беше соопштено.

Стапката на невработеноста во Ирска во јуни е намалена на 11,6 проценти од мајските 11,7 проценти, намалувајќи се така на најниското ниво од април 2009 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП