Клиентот Алекс се пожали во организацијата за заштита на потрошувачите со необична приказна. Тој во продавницата на телекомуникацискиот оператор „Спринт“, чии услуги верно ги користи повеќе од 10 години, се обидел да купи „iPhone 4“, но продавачот не сакал да му продаде бидејќи клиентот имал дебели прсти.
Дали некогаш сте слушнале нешто вакво: Не му продале iPhone бидејќи има дебели прсти

Продавачот прво го испрашувал клиентот дали навистина сака да го има тој производ чија вредност е „еднаква на ѓубре“, потоа му ги набројувал недостатоците на тој производ, а на крајот му кажал дека има премногу дебели прсти и дека наместо „iPhone 4“ би требало да купи „Samsung Galaxy S3“.
И покрај инсистирањето на продавачот да го купи тој производ, Алекс на крајот ја напуштил продавницата без телефон.

