8 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Отворени 288.000 нови работни места

САД: Отворени 288.000 нови работни места

F

Темпото на вработување во САД во изминатите пет месеци беше на највисоко ниво од крајот на 90-тите години на минатиот век, додека само во јуни се отворени 288.000 нови работни места.

Така, стапката на невработеноста е намалена на 6,1 проценти од 6,3 проценти кои беа забележани во мај, се вели во соопштението на Министерството, а пренесува агенцијата АП.

Во изминатите пет месеци, во САД секој месец се отворани во просек над 200.000 нови работни места, што ваквата појава последен пат била забележана за време на технолошкиот бум од 1999-2000 година.

Најновите податоци, како што оценува АП, се индикатор дека забавеното закрепнување на економијата на САД конечно зема замав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП