25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв сервис за дистрибуција на содржини на социјални медиуми во Македонија

Прв сервис за дистрибуција на содржини на социјални медиуми во Македонија

buzzbase

На македонскиот пазар почна со работа сервис за промоција на дигитални содржини, BuzzBase.mk, што на активните корисници на социјалните медиуми треба да им овозможи да генерираат лична заработка, преку споделување брендирана содржина и креирање дискусија на своите профили.

BuzzBaze.mk е партнерски проект на агенциитe за дигитален маркетинг Њу Медиа Маркетинг и ИМ.мк.

Според креаторите на сервисот., Buzzbase на брендовите им овозможува досег до голема публика на многу ефективен и брз начин, а притоа на своите корисници (базери) им дава комплетна контрола над објавите и на тој начин ја задржува оригиналноста на изразот кај секој автор. Платформата ги интегрира кликовите на споделениот линк до спонзорираната содржина и бројот на интеракции на социјалните медиуми во единствен параметар кој е одраз на креираниот разговор околу истата.

„Сега за сега следиме кликови, лајкови, коментари, споделувања, ретвити, фејворитс… а сервисот овозможува и таргетирање по демографски карактеристики, интерес, влијание и популарност и секако перформанси во претходни кампањи“, појаснува Катерина Стојановска, лидер на техничкиот тим на сервисот.

Светските истражувања покажуваат дека препораките од пријатели и роднини се најмоќната маркетинг алатка. Глобалните пракси велат дека 81 процент од потрошувачите се под влијание на објавите на своите пријатели на социјалните медиуми, а 43 проценти од потрошувачите би купиле производ кога за него би дознале преку социјалните медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП