2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple, Exxon Mobil и Google се на чело според берзанската вредност

Apple, Exxon Mobil и Google се на чело според берзанската вредност

kompaniiie

Kомпаниите „Apple“, „Exxon Mobil“ и „Google“ се наоѓаат на чело на светската листа според висината на пазарната вредност со 560 милијарди долари, 432 милијарди и 390 милијарди долари, соодветно.

Следи „Microsoft“ со берзанска капитализација од 344 милијарди долари, покажува класификацијата која секоја година ја изработува консултантската куќа „Ernst & Young“.

Меѓу Топ 20 во светот, според пазарната вредност се наоѓаат и три швајцарски компании „Roche“, „Novartis“ и „Nestle“.

Фрамацевтскиот гигант „Roche“ на крајот на јуни оваа година имаше пазарна вредност од 256 милијарди долари и го зазема десетото место во светот, следат другата фармацевтска куќа „Novartis“ и кондиторската компанија „Nestle“, со берзанска капитализација од 250 и 245 милијарди долари, така го заземаа 11-тото и 13-тото место во светот.

Во студијата се наведува дека американските групации сочинуваат половина (46) oд вкупно 100 највредни во светот. Според бројноста најскапи компании, следуваат Велика Британија (11 компании) и Кина (8). На четврто место е Германија (6 компании), a следуваат Франција и Австралија со еднаков број на компании (5).

Швајцарија доаѓа на седмото место кое го дели со Јапонија со по три компании, а зад нив се Бразил и Канада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП