5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Заканите на „Газпром“ се неприфатливи

ЕУ: Заканите на „Газпром“ се неприфатливи

eueueueueueueu

Заканите на рускиот гасен гигант „Газпром“ дека ќе ги намали испораките на гас за Европската унија поради препродажбата на гас на Украина се неприфатливи, соопшти денеска Европската комисија.

„Очекува од „Газпром“ да се придржува кон обврските, а заканите се неприфатливи“, изјави пред новинарите во Брисел Сабине Бергер, портпарол на еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингер.

Директорот на „Газпром“ Алексеј Милер се закани неодамна дека испораките на гас за ЕУ ќе бидат намалени доколку државите-членки преку промена на течението на гасот низ гасоводите и го препродаваат дел од купениот гас на Украина, за која поради неплатените сметки се запрени испораките.

Етингер минатата недела по состанокот со украинскиот министер за енергетика Јуриј Проданов најави дека ЕУ ќе и помогне на Украина да ја помине зимата со пренасочување на текот на гасот од Словачка, Полска и Унгарија.

„Потрошувачите со купениот гас можат да прават што сакаат“, изјави Бергер, коментирајќи го ставот на „Газпром“ дека пренасочувањето на гасот е нелегално.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП