9 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRoche ја купува американската Seragon Pharmaceuticals

Roche ја купува американската Seragon Pharmaceuticals

MI-AV157_ROCHE_G_20090218163838

Швајцарската фармацевтска групација „Roche“ ќе ја купи американската биотехнолошка компанија „Seragon Pharmaceuticals“, која истражува нови начини за борба против ракот на дојката, во рамките на договорот чија вредност ќе достигне максимални 1,7 милијарди долари (1,2 милијарди евра).

„Seragon“, приватната компанија со седиште во Калифорнија, развива нова генерација на лекови за најчестата форма на рак на дојката, наведува „Roche“, а пренесува Франс прес.

Швајцарската компанија наведува дека нејзината подружница „Genentech“, во купувањето на „Seragon“ ќе вложи 725 милиони долари во кеш, со додатни милијарда долари во случај да бидат исполнети однапред одредените услови.

Се очекува дека продажбата ќе биде завршена до крајот на септември, под услов да нема противење од страна на антимонополските власти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП