3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Рускиот раст во 2015 до два проценти“

„Рускиот раст во 2015 до два проценти“

R

Економскиот раст на Русија во 2015 година ќе изнесува до два проценти, а до 2017 година повеќе од три проценти, изјави денес на седницата на владата рускиот премиер Дмитриј Mедведев.

„Тоа сценарио за социјално-економскиот развој за жал укажува на општо влoшување на економската ситуација“, изјави Медведев.

Според него оваа година е планиран буџетски суфицит, во 2015 дефицит помал од 0,5 проценти, а во наредната година малку поголем од 0,5 проценти. Федералниот буџетски дефицит ќе остане на нормално, прифатливо и стабилно ниво.

Расходите на пензискиот фонд на Русија (ПФР) наредната година ќе достигнат 7.500 милијарди рубљи (219 милијарди долари), а приходите 7.400 милијарди рубљи. Дефицитот на фондот од околу 100 милијарди рубљи е планирано да се компензира со трансферот од федералниот буџет, објасни премиерот.

Тој, исполнувањето на социјалните обврски го истакна како една од главните цели во претстојниот буџетски период. На социјална поддршка за граѓаните ќе бидат потрошени 60 проценти од сите расходи на буџетот, прецизираше Медведев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП