
Чешката Влада го одобри воведувањето на втората намалена стапка на Данокот на додадена вредност (ДДВ) во износ од десет проценти за книги, храна за бебиња и лекови, јави дописникот на МИА од Прага.


Чешката Влада го одобри воведувањето на втората намалена стапка на Данокот на додадена вредност (ДДВ) во износ од десет проценти за книги, храна за бебиња и лекови, јави дописникот на МИА од Прага.
Новата стапка која ќе важи од јануари 2015 година е дел од коалицискиот договор на владата и според соопштението целта е да се намали цената на тие производи за крајните потрошувачи, иако тоа значи намалување на средства во Буџетот.
Истовремено, Законот за ДДВ предвидува задржување на основната стапка на ДДВ од 21 проценти и намалена стапка од 15 проценти, а во исто време се откажува од воведувањето на единствена стапка од 17,5 проценти на ДДВ, која требаше да важи од јануари 2016 година.