11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботилница „Имам идеја за бизнис, сега што?“

Работилница „Имам идеја за бизнис, сега што?“

ideja-biznis-2

Македонија има голем број невработени луѓе кои имаат талент и вештини. Нашата цел е да ги научиме како да ги претворат нивните идеи во акција, да им покажеме како да го направат тоа, да им ги дадеме неопходните информации и да им подадеме рака за да прејдат на следното ниво.

Ова го изјави Мади Шарма, жена-претприемач, која ја основа, инспирира и мотивира МАДИ Груп, пред почетокот на првата од двете работилници „Имам идеја за бизнис, сега што?“ што ќе ги одржи во Скопје заедно со нејзиниот тим.

МАДИ Груп е групација на меѓународни приватни компании, социјални претпријатија, како и меѓународна глобална мрежа на независни и непрофитни организации и иновативни идеи прилагодени за локални активности кои имаат глобално влијание и придонесуваат кон одржливо општество.

“Ако им помогнеме на луѓето во Македонија да создадат повеќе бизниси ќе го поддржиме економскиот раст што, пак ќе придонесе за отворање на нови работни места, иновации и технологии и земјата да стане центар на претприемништво. Немеме идеја што ќе биде следното најдобро нешто за Македонија и затоа ќе се осврнеме сите видови на бизниси со исклучок на оние со дрога, оружје и трговија со луѓе“, изјави Шарма.

Таа посочи дека нивната работа е да им покажат на луѓето дека секој може да биде одличен во нешто.

„Јас сум овде за да ве научам како да се продадете и да најдете работа. Уште кога ќе влезете на интервју за работа работодавачот веќе одлучил дали ќе ве прими или не без воопшто да го погледне вашето ЦВ. Потребни му се помалку од две секунди за да заклучи дали му се допаѓате како личност и каква енергија имате, им рече Мади на слушателите на работилницата.

Таа им препорача кога на интервју ќе ги прашаат колку сакаат да заработуваат слободно да кажат колку очекувате да им биде платата, а потоа да почекаат одговор, бидејќи, како што рече, првиот што ќе проговори е личноста која губи.

„Доколу сакате да заработувате 5.000 евра месечно побарајте толку и потоа бидете тивки и чекајте да видите што ќе каже тој што го води интервјуто. Сигурно нема да ви рече нема шанси, но секако ќе ве праша зошто мислите дека треба толку да заработите. Можам да ве научам на сите вакви и слични трикови, но едно нешто не можам да ве научам – да верувате во себе си. Доколку не си верувате самите никој нема да верува во вас. Ако ве научам да верувате во себе јасно е дека секој од вас има некакви специјални способности, а ние сме тука за да ги пронајдеме, нагласи Шарма.

За своето глобално делување Шарма има добиено повеќе признанија меѓу кои Achievement и UK Best Boss, а британската Влада ја именуваше и за свој претставник во Европската економска и социјална комисија.

За неа годинава е снимен документарен филм, кој наскоро треба да премиерно да биде прикажан.

Еднонеделната работна посета на Македонија, Шарма ќе ја искористи и за низа средби со бизнис заедницата и невладиниот сектор, со цел да ги запознае со нејзината нова инвестиција во Македонија, Бизнис Комплексот КоСид кој треба дa започне со работа во септември годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП