25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманскиот буџет без дефицит

Германскиот буџет без дефицит

germany3

Владата на Германија вчера го одобри буџетот без дефицит за 2015 година, кој го предложи министерот за финансии Волфганг Шојбле.

Прв пат од 1969 година во Германија ќе биде донесен балансиран буџет, кој не предвидува раст на државниот долг на земјата, пренесува Дојче Веле.

За обезбедување на избалансиран буџет растот на државните расходи во 2015 година е планиран да изнесува 0,1 проценти, а во 2016 година 3,7 проценти, а во наредните години по три проценти. На тој начин е планирано дека до 2018 година и расходите и приходите на земјата ќе се зголемат за 329 милиони евра.

Расходите нама да растат побрзо од бруто домашниот производ (БДП) за одреден перод, нагласија од Министерството за финансии.

Важен фактор, според мислењето на Шојбле, е намалувањето на односот на државниот долг во однос на БДП. Ако во еден момент тој изнесува 76 проценти, до 2018 година тој мора да биде намален на 65 проценти.

Меѓутоа, опозициската левичарска партија и Партијата на зелените предупредуваат дека балансираниот буџет може да ја загрози иднината на земјата бидејќи би можело да дојде до остар пад на инвестициите во германската економија.

Буџетот се заснова на прогнозата за економскиот раст на Германија од 1,8 проценти оваа и два проценти во 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП