Канцелариите на Google се навистина неверојатни места. Тие се полни со чуда, кои ќе направат одењето на работа да изгледа како да одите на забава.
Пред неколку недели, објавивме фотографии од новите канцеларии во Тел Авив.
Денес имаме нови фотографии од канцелариите на Google. Овој пат тоа е инженеринг центарот на Google во Цирих. Camenzind Evolution, фирмата која ги дизајнираше канцелариите во Тел Авив, исто така ги дизајнираше и канцелариите на Google во Цирих во 2007 година.
Camenzind извршила интервјуа на вработените на Google, или како што ги нарекуваат во Цирих, Zooglers, за да го процени она што сакаат да го добијат од канцеларија. Компанијата утврдила дека “личниот простор потребно е да биде функционален и повеќе неутрален, просторот мора да понуди силна визуелна и високо естетски пријатна атмосфера за стимулирање на креативноста, иновациите и соработката.”
Исто како и просторот на Google во Тел Авив, канцелариите во Цирих се надреални. Тие се полни со микро конференциски сали, играчници, снек соби, и да не заборавиме….и по некој простор за работа.
Се работи за прилично недефинирана зграда однадвор.
Но внатре, таа е МНОГУ Google!
Се разбира има тобоган.
Има простор за вежбање.
Играчница за да се забавуваат вработените.