28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбврзниците и помогнаа на Португалија

Обврзниците и помогнаа на Португалија

portugalijabdp654g6r4

Португалија ја одржа првата аукција на обврзници деноминирани во долари за последните четири години, откако ја врати довербата на пазарите.

Побарувачката на инвеститорите за португалските обврзници надмина две милијарди долари, додека каматната стапка изнесуваше 5,2 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Во март 2010 година, Португалија последен пат одржа аукција на доларски обврзници и тогаш со продажбата на петгодишни хартии од вредност собра 1,25 милијарди долари.

Португалија на 17 мај оваа година излезе од тригодишната програма за помош добиена од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, а владата во Лисабон има намера до крајот на оваа година да го намали годишниот буџетски дефицит на четири проценти од БДП од 4,9 проценти колку што изнесуваше во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП